Кој е главниот „кројач“ во Бундеслигата?

Дали знаете која бундеслигашка екипа сезонава ги победи Кил, Магдебург, Флензбург, Рајн Некар Ловен и Мелзунген? Не е ни во игра за Европа, на седмото место на табелата е. 




По првите десет кола во Бундеслигата, екипата на Лајпциг имаше скор од една победа, два нерешени натпревари и седум порази (1-2-7) и само четири бода по 10 кола. И тогаш решија да се разделат со тренерот Андре Хабер и од Исланд, од Хафнарфјордур го донесоа Рунар Сигтругсон. Тоа беше во ноември 2022. Ни самите не знаеја колку паметен потег одиграле со овој трансфер. 
Од тој момент до денеска имаат 10 победи и 2 пораза. 

Исландскиот тренер им го смени целиот умствен сет, карма, самодоверба и тактика за рекордно време, а врвот го достигнуваат сега. 
Вечерва, Лајпциг со осум гола разлика 37-29 (19-13) го совлада лидерот Рајн Некар. Минатото коло како гостин со 34-31 го совлада Кил, едно коло пред тоа со 33-32 го совладаа шампионот Магдебург, а едно коло пред тоа како гости 29-28 славеа над Мелзунген предводен од Роберто Парондо. Сезонава имаат победа и над Флензбург, а единствениот фаворит што успеа двапати да ги совлада е моменталниот лидер - Фуксе Берлин. 

Ако ве интересира нивниот состав на пример, ќе кажеме дека немаат (многу) ѕвезди. Виго Кристијансон од Исланд е нивниот најпознат играч. Чехот Матеј Клима таму многу брзо се развива во врвен ракометар, вториот голман на Норвешка - Кристијан Северас е на голот. Имаат тројца Хрвати од кој само еден игра во моментов - Шиме Ивиќ. Таму се и Марко Мамиќ и Ловро Јотиќ, но тие се вон строј, Мамиќ потврдено до крајот на сезоната.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk