Пет нови имиња во Будуќност

Црногорскиот првак и поранешен европски шампион, екипата на Будуќност од Подгорица денеска се пофали со петтото засилување или ново име за наредната сезона. 

Ноеми Хафра, унгарска репрезентативка доаѓа од редовите на Ѓер. Таа ќе игра во Будуќност како позајмен играч, што е втор нејзин „ваков“ трансфер, по ланскиот во Одензе.

Претходно за Будуќност потпиша и германската голманка Ан Катрин Гигерих, а пред неа Французинката Ниакате и турските ракометарки Чалискан и Карачам. 

Будуќност направи два ризични трансфери кои би можеле да се покажат и во едно и во друго светло. Сигурно во нивните редови „под“ цена доаѓаат Хафра и Ниакате затоа што и двете доаѓаат како рековалесценти.
Ниакате се повреди во ЧСМ Букурешт и нејзиниот договор беше раскинат (за да се потпише новиот), а Ноеми Хафра исто така во Одензе замина на позајмица, се повреди во октомври, а во фервуари и беше раскинат договорот при што се врати назад во Ѓер на рехабилитација. 
Будуќност улови два многу квалитетни играча (до пред повредите), сега треба да ги врати назад во форма. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk