Топ вести: Колку ќе заработи ГОГ од Питлик? Од најголема надеж до втора лига

Неофицијално, данскиот ГОГ ќе заработи 550.000 евра од трансферот на Симон Питлик во Флензбург. Не се знае дали во оваа сума спаѓа и трансферот на Лукас Јоргенсен, но се зборува дека во спротивен правец оди еден од големите дански потенцијали, Арон Менсинг. Toj во моментов игра за Флензбург.

Своевремено беше најголемата француска надеж и играч кој требаше да биде првиот позади Никола Карабатиќ. На 34 годишна возраст, Вилијам Акамбре, потпиша двегодишен договор со второлигашот Саран и ќе замине од екипата на Екс Прованс.

Хота Гонзалез, шпански тренер кој на неколку натпревари беше и на клупата на машката репрезентација на Македонија заедно со Раул Гонзалез, ќе излезе од сенката на попознатиот екс тренер на Вардар. Хота заминува од ПСЖ и во следните три години ќе ја води Бенфика. 

Словенецот Алеш Пајовиќ останува селектор на Австрија. Потпиша нов двегодишен договор и ќе биде селектор на овој тим најмалку до 2025.

Норвешкиот десен бек Кент Робин Тонесен заминува од ПИК Сегед и веќе е презентиран во екипата на Пари Сен Жермен каде ќе биде замена за Даинис Криштопанс. Податок што најверојатно не го знаете е дека своевремено тој беше на радар на Металург. Додека беше играч на Хаслум, на 21 година, играше против Металург во квалификациите за ЛШ во Тел Авив во 2012 и направи многу проблеми, а патем постигна и пет гола. Металург тогаш ги имаше Жарко Марковиќ и Милан Левов, па реши да преговара со неговиот тогашен и попознат соиграч Ерленд Мамелунд, но ништо не излезе од таа идеја.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk