Втор пораз од Португалија, но ЕП не е доведено во прашање

ПОРТУГАЛИЈА - МАКЕДОНИЈА  32-27 (15-11)
Македонија: Митревски, Томовски, Велковски 1, Ѓоргиев 1, Митев 1, Кузмановски 10, Маркоски, Костески 3, Младеновиќ, Јагуриноски 2, Џонов 2, Аларов, Стојковиќ 2, Атанасијевиќ, Серафимов 5, Петров

Машката сениорска репрезентација на Македонија по втор пат е поразена од соодветниот тим на Португалија во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024.

Нашиот тим во Португалија одигра сосема солидни 25 минути од првото полувреме. Иако мечот почна малку хаотично на двете страни, двете одбрани се консолидираа, немаше многу голови, но во добар дел Макеоднија беше во егал на моменти во водство. И играта генерално во овој период даваше позитивни сигнали за македонската репрезентација која беше во улога на аутсајдер. 
Пресвртот се случи, тогаш кога можеше резултатот да дојде во наша полза. Имаве водство од еден гол разлика (11-10) и напад за плус два. Место тоа сѐ отиде наопаку и во последните три минути, Португалија постигна пет гола, а Македонија ниту еден. 
И така на одмор се замина со резултат 15-11. 
Послаб старт имаше Македонија во второто полувреме и прими три гола поред со што Португалија стигна до плус седум. 
По ова натпреварот беше во рамки на оваа разлика. Македонија премногу грешеше, а голманот на Португалија, Капдевил имаше фантастична вечер и имаше најмалку 15 одбрани. 
Томовски беше одличен на нашиот гол, но не можеше да донесе пресврт. Португалците беа и физички пресилни за нашата одбрана, ја имаа во резерва и седум на шест играта... 

Поголемиот дел од воторото полувреме беше игра во која Македонија се бореше за пристоен пораз и можеше доколку не промашеше неколку убави можности. Севкупно, пораз од пет гола на гости од екипа каква што е Португалија, не е резултат од кој треба да се срамиме. 

ЕП не е доведено во прашање, Македонија таму е практично пласирана, останува во април да одработиме со Луксембург и Турција и потоа да се прават плановите за учество на ново Европско првенство. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk