Пред три дена во Нови Сад, репрезентацијата на Србија славеше минимална, но сензационална победа над Норвешка. Таа победа ги крена во облаци, па најавуваа слично сценарио и за Берген.
Денеска, беше денот за реванш.
Норвешка очигледно не го преболе лесно поразот во Нови Сад и исклучително мотивирана и фокусирана со Сандер Сагосен на чело на колоната го почна реваншот, на кој гледавме сосема поинаква приказна.
Норвешка доминираше, првиот дел од средбата го реши со пет гола предност и осум постигнати голови на Сагосен за 30 минути, а во вториот дел можеше и ротираше, особено во финишот играше и помалку ревијално, а на крајот запиша победа од 10 гола разлика (35-25).
Сега е јасно дека Норвешка ќе го освои првото место во групата и продолжува во ждрепката од првиот шешир. Србија ќе биде во третиот шешир, каде што извесно ќе биде и репрезентацијата на Македонија.