Сменија селектори по СП, арно ама...

Четири репрезентации, а тоа се Полска, Исланд, Хрватска и Црна Гора ги сменија селекторите по Светското првенство во Полска и Шведска затоа што не беа заодоволни од резултатите.
Тројца од новите селектори дебитираа вчера, арно ама...

Федерацијата на Полска го смени Патрик Ромбел затоа што не беше задоволна од 15 место на кое завршија како домаќини на мундијалот. Го ангажираа како привремено решение нивниот познат поранешен играч Бартош Јурецки коj има скромно резиме во кое нецела сезона беше тренер на Азоти Пулави и Пјотрковија и потоа од 2020 беше асистент на Ромбел. 
Јурцеки имаше хендикеп селекторската кариера да ја почне со два дуела со Франција. Вчера, пред полна сала во Гдањск, Французите доминираа и имаа водство од 10 гола разлика уште во првиот дел. Но, Полска имаше некои свои добри моменти, нешто од играчите, а нешто од голманите и публиката тоа го наградуваше. 
Сеедно, конечниот резултат на дебито е 28-38. 

Хрватска беше една од најгласните кога незадоволна од деветтото место на СП го менуваше селекторот Хрвоје Хорват, а патем со него изгореа и две нивни големи легенди - Лино Червар и Ивано Балиќ. 
Нов „изборник“ е Горан Перковац, тренер со поделебо резиме, но познат и како голем критичар на претходните селектори. Сега дојде времето тој да покаже што знае, а резултатот на дебито е поразителен. Холандија им одржа лекција, водеше и со седум гола во вториот дел за конечно да победи со пет (32-27).
Хрватска има шанса на домашен терен да го поправи првиот впечаток и д го освои првото место, за што им е потребна каква било победа. 

Гласни медиумски критичари-инфлуенсери и трули јаболка во составот (според нивните медиуми) една година пред истекот на договорот го сменија и најуспешниот селектор што кога и да е го имал Исланд - Гудмундур Гудмундсон. 
Првиот нивни меч без него на клупата беше гостувањето кај Чешка, а бројкие се следниве: Најмалку голови на натпревар во последните осум години, вкупно втор резултат со најмалку голови во едно полувреме (7) и пораз од 17-22 на меч на кој нит се виде нивната брза игра и транзиција ниту пак беа блиску да ги загрозат Чесите. 

Денеска на терен ќе го видиме и четвртиот нов селектор - Владо Шола на клупата на Црна Гора. Ова е единствената репрезентација која селектор смени затоа што стариот (Зоран Рогановиќ) си поднесе оставка. Црна Гора е домаќин на репрезентацијата на Словенија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk