Женската репрезентација на Романија, со подмладен состав, без Кристина Неагу и со четири дебитанти славеше две победи над Украина, противникот на Македонија во априлскиот плеј оф за пласман на Светското првенство 2024.
Романија запиша победи од 29-24 (17-11) и 29-23 (18-9).
Плејоф противникот на Македонија, двапати беше поразен од подмладената Украина
Пари Сен Жермен изненадувачки беше поразен на гостувањето кај Шамбери (33-34) и сега Монпеље е осамен на врвот со два пораза и два бода предност, додека ПСЖ и Нант имаат по три порази и се веднаш зад нив.
Добрата вест за ПСЖ е што во последните до крајот на првенството, вкупно 11 кола, на домашен терен ќе игра и со Монпеље и со Нант.
Крилниот играч на Монпеље, репрезентативецот Иго Деска, го повреди коленото. Се стравува дека се работи за скинати вкрстени лигаменти што значи дека сезоната за него е завршена.
Кикс што може да го чини титула направи и лидерот во Германија, Фуксе Берлин. Ако пораз на гости кај Магдебург може да се опише како кикс. Сеедно, лисиците загубија во Магдебург 29-34 и сега го делат првото место на табелата со Рајн Некар Ловен, а само бод позади нив е Кил.