Аеродром го активираше Кизиќ, засилени кон Супер лига

Лидерот во групата „Б“ во Првата лига, екипата на Аеродром во продолжението на сезоната ќе биде засилена со голманот Никола Кизиќ. 
Аеродромци го активираа некогашниот голман на Вардар Јуниор и добиваат значајно засилување на голот за претстојните битки од плејоф од каде што двете најдобри екипи ќе се пласираат директно во Суперлигата. 

Покрај Кизиќ, Аеродром ќе ги задржи и играчите што дојдоа од младинските погони на Е. Пелистер и на Вардар,  Михаил Цветановски и Виктор Трифуновски. 

Аеродром во моментов е на првото место во групата „Б“ во првата лига и има обезбедено место во плејоф разигрувањето. Минатата сезона оваа екипа беше многу блиску до пласман во Суперлигата, но во драматичен меч не успеа да обезбеди пласман. Сезонава, нивните шанси се значително поголеми, особено откако сега подобро се екипираа.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk