Машката репрезентација го има првиот собир пред продолжувањето на квалификациите за Европското првенство во Германија.
Македонија е во групата со Португалија, Луксембург и Турција и досега има извојувано две победи, над Турција во гости и дома над Луксембург. Сега следи битката за првото место за кое ќе играме два меча со фаворитот во групата, Португалија.
Кирил Лазаров денеска го собра тимот и почнуваат подготовки кои ќе се одвиваат во салите во Автокоманд и Борис Трајковски.
Првиот меч ќе го играме на домашен терен на 9 март, а реваншот е три дена подоцна во Порто.
Освен Никола Митревски кој поради клупски обврски ќе дојде во понеделник, нема други најавени отсуства.