Се разделија Кокшаров и Ростов Дон

Поранешниот директор и тренер на ЖРК Вардар, Русинот Едуард Кокшаров одново менува клуб.



Откако Ростов Дон беше поразен од ЦСКА Москва пред три дена (26-31), по што, сега, заостанува цели 15 бода зад лидерот на шампионатот, стигна соопштение дека Ростов Дон и тренерот Едуард Кокшаров спогодбено го раскинуваат договорот.

Кокшаров стана тренер на Ростов во јули 2022, откако претходно беше селектор на репрезентацијата, а пред тоа, веќе познато и на македонската јавност работеше во Вардар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk