Суспензијата на Петар Ненадиќ во Веспрем не траеше долго.
Не траеше долго сагата меѓу Петар Ненадиќ и Веспрем. Тој беше суспендиран од клубот поради дисциплински прекршок, а два дена подоцна, по меѓусебна спогодба договорот е раскинат.
Ненадиќ си замина од Веспрем четири месеци порано од предвиденото. Сеедно во јуни ќе му истечеше договорот, но очигледно немаа веќе трпение, па приказната доби побрз развој и епилог.
Преодниот рок сѐ уште е актуелен, па можеби многу брзо ќе дознаеме која е следната дестинација на еден од подобрите играчи во Лигата на шампионите.