Трули јаболка го избркаа селекторот на Исланд

Гудмундур Гудмундсон го заврши својот трет селекторски мандат на Исланд една година пред истекот на договорот. Сега се пребројуваат и критичарите и експертите. 



Исланд не одигра на мундијалот според вкусот на островските критичари, меѓу кои најгласен беше Арнор Дади Арнарсон, поранешен тренер.

„Јас бев најкритичниот за време на мундијалот, но се трудев да бидам фер. Не очекував Гудмундсон да замине, затоа што имаме важни натпревари пред нас. Тој беше под договор и федерацијата не може да го ослободи. 
Мислам дека не беа подготвени на тоа. Ако беа во прашање резултатите, тогаш ќе го стореа тоа веднаш, а не по еден месец и пред два важни дуела. Не беа спремни за да го повлечат чкрапалото, ни по СП 2021 ниту сега. Влегоа во анализа, разговараа со играчите, но таму има трули јаболка и на крајот тој се повлече. 
Побарајте кого било за селектор, Гудјон, Олафур, Ерлингур, ама целиот сегашен штаб мора да замине. Ако имате трули јаболка во кошницата и незадоволна јавност, наименувањето на асистентите нема да го решат проблемот, тоа е само непочитување кон Гудмундсон“, изјави Дади Арнарсон. 

И кога сме кај резултатите на Гудмундсон и трулите јаболка, само ќе напоменеме дека единствените медали што Исланд ги освоил додека тој бил селектор, а и има вкупно победи повеќе отколку сите други (шест) селектори заедно. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk