Нова акција на кадетите, познат тимот за дуелите со Романија

Македонските репрезентативци кои минатото лето обезбедија пласман во повисок ранг, односно настап на ЕХФ Еуро, а и на кадетското СП, наскоро ќе имаат нова акција. Во Скопје ќе играат против Романија. 



Селекторот Раде Стојановиќ ќе има 22 ракометари на располагање за претстојните пријателски натпревари со репрезентацијата на Романија што ќе се играат во „Автокоманда“ на 11 и 12 март. Првиот собир е закажан на 8 март.

Кадетскиот тим одржува редовни собири и се надградува во однос на составот што играше во Рига, првенствено на тактичкиот дел, а во склоп на тоа се и двата меча со Романците. Стојановиќ и стручниот тим ќе имаат шанса првенствено да ги проверат „старите“, а ќе видат и некои нови лица кои сезонава почнаа да се докажуваат низ првенството. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk