ППД Загреб утна пет пенали и загуби

Алборг - Елверум  31-24 (17-12)
Кил - Целје   39-27 (17-15)
Барса - Сегед  34-25 (20-10)
ППД Загреб - Магдебург  25-31 (14-16)



ППД Загреб имаше денеска шанса против Магдебург да верификува пласман во елиминациите, но немаше своја вечер.
Загрепчаните промашија пет седмерци во рамки на 40 минути и тука ги загубија сите шанси и покрај 15-те одбрани на Дино Славиќ.
Магдебург не е екипа против која ќе промашите пет пенали и ќе победите. Шампионот на Германија предводен од холандскиот ас Кај Смитс (9 гола) кој дури по повредата на Омар Инги Магнусон покажува за каква класа на ракометар се работи ги искористи своите шанси и со евентуална победа во последното коло над Динамо Букурешт дома, же го верификува второто место на табелата и ќе оди директно во 1/4 финале.
Дибиров и Чупиќ исто така немаа своја вечер и беа заменети со помладите сили. 

Барса, пак, го демолираше ПИК Сегед уште во првиот дел (20-10), па рутински ја одржа предноста и во вториот дел. Елеврум немаше шанси во Данска против Алборг, а Кил со 12 гола разлика го преслуша Целје. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk