Драг ракомет, ти благодарам за сѐ. Патувањето беше неверојатно - со овие малку парафразирани зборови, македонската интернационалка и репрезентативка Елена Ливриниќ реши да ја заврши ракометната кариера.
Елена Ливриниќ (28) беше ракометарка на Металург до 2016, а потоа почна интернационална кариера. Стартуваше во најбогатата европска лига, во Романија. Три сезона во Галаци, една во новиот мега проект Рапид Букуршт и една во Глорија Бузау, пред да се пресели во Унгарија во тимот на Сомбател (Szombathelyi KKA) каде што имаше и проблеми со повреда и каде што конечно одлучи да каже крај.
Ливриниќ имаше настапи за репрезентацијата на Македонија, беше и стандардна репрезентативка.