Исланд е четвртата држава која во рок од еден месец по СП менува селектор.
Гудмундур Гудмундсон од денеска веќе не е селектор на машката репрезентација на Исланд. На денешна средба со федерацијата донесена е одлука да прекине соработката. Назначено е само дека двете страни се согласни и дека нема повеќе потреба од други коментари во врска со оваа тема.
Но, паралелно со оваа информација, меѓуреднови е кажано дека тој поднел оставка, а во прилог на тоа е и дека следните натпревари од квалификациите, репрезентацијата ќе ја водат неговите асистенти Агуст Јохансон и Гунар Магнусон како преодни решенија.
Гудмундсон беше критикуван на островот по мундијалот, но дали причината е само перформансот на Исланд или пак во приказната има и трета страна што на пример зборува унгарски и бара тренер, секако ќе дознаеме следниве денови.
Tој трет пат беше селектор на Исланд. Прв пат ги водеше од 2001 до 2004, потоа беше селектор од 2008 до 2012, а сега од 2018 до 2023. Во меѓувреме беше селектор на Данска и Бахреин, тренер на ГОГ, РНЛ, Мелзунген.