Денеска Е. Пелистер против Берлин, каде да гледате?

Продолжува Европската лига, а до крајот на групната фаза остануваат уште две кола. Единствениот македонски претставник во Европа, Еурофарм Пелистер вечерва гостува кај топ фаворитот Берлин. 



Битолчани денеска би требало и официјално да го потврдат пласманот во елиминациите. За тоа да се рализира, потребно е екипата на Скадерборг како домаќин да го совлада тимот на А. Санташ од Португалија. Се случи ли тоа, Е. Пелистер станува недостижен за Португалците.
Воедно, Мотор не би смеел да ја совлада екипата на Бидасоа. 
Што и да биде, Е. Пелистер во последното коло на свој терен ќе има меч топка против Мотор за пласман во елиминациите. 

Битолчани денеска гостуваат кај лидерот Берлин. Средбата ќе се игра со почеоток од 20:45 часот, а директно ќе биде пренесувана на каналот Арена Спорт 1. 

Берлин на две кола до крајот го има обезбедено првото место, но за денеска најавија дека ќе победат, заради самодоверба и затоа што не се расфрлаат со натпревари. 
Ротација, како и да е, е актуелна, па ќе сочекмаме да го видиме нивниот состав и дали некои од ѕвездите во тимот ќе бидат поштедени. 
А ѕвезди во тимот имаат колку сакаат. почнувајќи од Матијас Гидсел, Јакоб Холм, Ласе Андерсон, Пол Друкс, Дејан Милосављев, Мијајло Марсениќ, Милош Вујовиќ итн. 



ДЕНЕСКА ИГРААТ
20:45   ФУКСЕ БЕРЛИН - Е. ПЕЛИСТЕР
18:45   МОТОР - БИДАСОА
20:45   СКАНДЕРБОРГ - А. САНТАШ
ПОСЛЕДНО КОЛО:
Е. ПЕЛИСТЕР - МОТОР
А. САНТАШ - БЕРЛИН
БИДАСОА - СКАНДЕРБОРГ
 
1.
8800280:21816
?
P
P
P
P
P
2.
8602248:22112
?
P
P
I
I
P
3.
8314235:2377
?
I
I
N
P
I
4.
8224221:2426
?
N
I
N
I
P
5.
8125203:2404
?
N
P
I
N
I
6.
8116220:2493
?
I
I
P
N
I

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk