ЛШ: Веспрем оди на Сегед, Алборг на ГОГ?

Поразот на Веспрем од Магдебург во Лигата на шампионите мошне веројатно ќе значи дека Германците ќе се пласираат на второто место на табелата во ЛШ (со оглед на распоредот) и ќе избегнат играње во Плејоф. 




Веспрем влезе во лоша серија во Лигата на шампионите. Поразот од ППД Загреб беше увертира во серија во која имаат една победа, еден нерешен меч и два пораза. 
На тој начин ја прокоцкаа предноста пред Магдебург и сега Германците се прашуваат за второто место во групат,  а не Веспрем. 
Си одработи ли Магдебург во последните две кола, а ќе игра против Загреб на гости и против Динамо Букурешт дома, ќе го освојат второто место и ќе бидат директно пласирани во 1/4 финалето. Тоа, пак, извесно го носи Веспрем на третото место затоа што има три бода предност пред ГОГ.

Ваквиот расплет во групата „Б“, значи дека екипата на ПИК Сегед би вкрстила со Веспрем во Плејоф. Дополнување на оваа приказна е дека Алборг би вкрстил со ГОГ. Таков е најверојатниот расплет во пресрет на последните две кола во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Нант и Кил, пак, би играле со ППД Загреб/Висла и Динамо Букурешт. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk