Мартин Поповски, поранешен или повремен македонски репрезентативец добива соиграч од Македонија во швајцарскиот клуб Амичитија.
Филип Арсеновски во продолжението на сезоната ќе игра во швајцарскиот клуб Амичитија, односно Амициција како што ја изговараат Швајцарците.
Овој 24 годишен пивот е уште еден производ на некогашниот шампион Металург каде што играше од 2016 до 2020 година пред да замине во Битола, како дел од бранот на заминувања заедно со уште неколку во нивната генерација познати играчи по колапсот во „Автокоманда“.
По две и пол години минати во Е. Пелистер 2, откако доби согласност од клубот, се договори за продолжение на кариерата во швајцарскиот клуб и ќе биде соиграч на Мартин Поповски.