Кизиќ го спаси Е. Пелистер од пораз

Е. ПЕЛИСТЕР - АГУАШ САНТАШ  27-27 (14-13)
Стрелци: Радовиќ 5, Пешевски 4, Костески 3, Ојлески 3, Василев 2, Танкоски 2, Дејвис 2, Хенеберг 2, Кисум 1, Хосни 2
А. Санташ: Оливеира 7, Баптиста 5...



Голманот Марко Кизиќ го спаси Е. Пелистер од сигурен пораз на домашен терен на дуелот со екипата на Агуаш Санташ, екипа од вториот ешалон на португалски тимови, во моментов на четвртото место во нивниот шампионат со големо заостанување зад тројката Порто, Бенфика и Спортинг. 

Е. Пелистер и А. Санташ одиграа меч на приближно исто ниво, што во случајов е комплимент за Португалците, но не и за битолчани, од кои очекувавме сигурно да ја добијат оваа средба. 

Првиот дел главно го контролираше Е. Пелистер, но немаше во нивната игра доволно стабилност за да обезбедат предност со која ќе го контролираат противникот до крајот. На полувреме беше само плус еден, а по десетина минути во вториот дел почнаа да се јавуваат проблемите. 
Пелистер играше одлична одбрана на почетокот на вториот дел, но нападот беше многу послаб од тоа што одбраната можеше да им го понуди. Не беше искористена дефанзивата и Португалците успеаја и да поведат. Не само тоа, туку поведоа и со два, па и со три гола разлика (25-22). 
Во овој дел од натпреварот, кога гостите имаа шанса и да ја зголемат разликата, голманот Марко Кизиќ имаше три интервенции од кои два зицера и го остави својот тим во игра.

Се разбуди публиката, стигна притисокот од трибините, а Пелистер успеа да израмни на 27-27 со гол од седмерец на новиот пеналџија - Жарко Пешевски. 
Потоа следеше последен напад за победа на гостите, но ударот од девет метри одново го скроти Кизиќ и стана јунак на вечерта. 

Мошне е веројатно дека Е. Пелистер е веќе пласиран во елиминациите и дека нема да мора ни со прст да мрдне и да чека Скадерборг или Берлин да одработи за нив, што веројатно и ќе се случи.

Но, не смеат да се задоволат битолчани со ваквиот расплет, особено со ваквата игра, затоа што наскоро ќе треба да се сретнат со Вардар во домашното првенство, а тоа ќе им биде најважната средба во сезоната. Ако играат како вечерва, имаат причини да бидат загрижени. 
 
1.
8800280:21816
?
P
P
P
P
P
2.
8602248:22112
?
P
P
I
I
P
3.
  8314235:2377
?
I
I
N
P
I
4.
8224221:2426
?
N
I
N
I
P
5.
8125203:2404
?
N
P
I
N
I
6.
8116220:2493
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk