Вардар ќе заработи најмногу пари од ваучерите за 2023 година. Околу 276.000 евра ќе добие македонскиот шампион парична помош, а зад него на списокот со по 244.000 се екипите на Е. Пелистер и Бутел Скопје.
Ракометната федерација ќе добие 227.500, а екипата на Тинекс Пролет околу 203.000 евра оваа година.
Во женскиот ракомет, Металург ќе заработи најмногу, околу 68.000 евра, а по него се Ѓ. Петров и Вардар со по 60, односно 53.000 евра.