Екипата на Ваљадолид од Шпанија за која настапуваат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски е поразена на домашен терен (33-34) од екипата на Хуеска. Сега Ваљадолид е на 11 место, но веќе го стигнаа две екипи што бегаат од опасната зона. Три бода е разликата меѓу Ваљадолид и местото што води во понизок ранг.
Хуеска победи на гости кај Ваљадолид тим што е предовден од некогашниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, минимално, но во финишот го контролираше резултатот и имаше плус три (32-29). Македонските интернационалци немаа забележителна улога и постигнаа вкупно четири од 33-те гола на домашниот тим. Димитар беше стрелец на три, а Дарко на еден гол.
Главната голгетерска улога ја имаше еден поранешен ракометар на Вардар. Бразилецот Жозе Де Толедо се разигра на овој натпревар и постигна девет гола, што на крајот беше премалку за поволен резултат.