Денеска продолжува македонската Супер лига со натпреварите од првото коло од Плејоф и Плејаут шампионатите.
Битката за шампионската титула и излез во Европа, сезонава почнува со неодговорено прашање дали Вардар 1961 ќе има право да настапи во Европа и следната сезона или пак суспензијата изречена за ланската сезона ќе остане и ќе се пренесе и на следната итн. И што ќе се случи доколку се оствари второто сценарио и Вардар одново нема право за настап во Европа. Особено ако биде шампион, за што шансите се големи.
Во сенка на тоа прашање, Вардар и Е. Пелистер како два и реално, засега единствени кандидати за шампионскиот пехар ја почнуваат новата битка во која двапати, еднаш во Скопје и еднаш во Битола ќе ги одмерат силите.
Во моментов не гледаме екипа што би можела да им ги расипе сметките, па очекуваме шампионскиот пехар да биде доделен на поуспешниот од тие два дуела.
Зад нив, ешалонот на екипи што сериозно конкурира за Европа го сочинуваат Алкалоид, Охрид, Бутел и Е. Пелистер 2. За две од овие четири екипи ќе има место во Европскиот куп. Најдобри шанси има Алкалоид, затоа што стартува со два бода, Бутел и Е. Пелистер со по еден, а Охрид без бодови влегува во оваа трка, но со многу нови засилувања, а и со навивачите назад на трибините.
На ГРК Тиквеш му даваме нешто помали шанси, иако очекуваме некој да се изгори во Кавадарци. Сериозен за излез во Европа ќе беше и Т. Пролет, но без Аларов, Јагуриноски и Џонов, нивните шанси значително се намалени.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ ОФ и ПЛЕЈ АУТ – КОЛО 1
ЛИНКОВИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЛЕЈОФ ТАБЕЛА:
1. Вардар (3 бода), 2. Е. Пелистер (3 бода), 3. Алкалоид (2 бода), 4. Т. Пролет (2 бода), 5. Бутел Скопје (1 бод), 6. Е. Пелистер 2 (1 бод), 7. ГРК Тиквеш (0), 8. Охрид (0 бодови).
ПЛЕЈАУТ ТАБЕЛА:
1. Голден Арт (3 бода), 2. Струга (3 бода), 3. Прилеп (2 бода), 4. Скопје (2 бода), 5. Куманово (1 бод), 6. Радовиш (1 бод), 7. Јуниор Кисела Вода (0 бодови), 8. Вардар Неготино (0 бодови).