Вардар се реваншираше на Татран

ВАРДАР - ТАТРАН ПРЕШОВ    29-24 (15-10)



Вардар го совлада Татран Прешов на меч од третото претпоследно коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Вардар победи со 29-24, разлика од пет гола што би му донела подобра позиција на македонскиот претставник во СЕХА доколку на крајот имаат ист број на бодови. 

Беше илозорно да се очекува овој состав на Татран двапати да го совлада овој состав на Вардар, особено кога игра дома и има поддршка односно контрола од трибините која не им дава да се опуштат на терен.

Дваесетина минути беше тесен резултатот, а потоа Вардар се почна да се одлепува. Томовски бранеше, Рабек затаи и Вардар стигна до пет гола предност на полувреме (15-10). 

Во вториот дел беше полесно за Вардар. Разликата беше одржувана без поголеми „потреси“. Бековите Моралес и Дутра, односно крилата Чувара и Гоеоргиевски си го дадоа својот придонес од по четири до пет гола и Вардар мирно дотече до втората победа во СЕХА. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk