РК Алкалоид денеска ги претстави четирите нови ракометари со кои го комплетираше играчкиот кадар за продолжението на сезоната.
Нови ракометари на Алкалоид се пикерот Костадин Петров, левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски и еден од ракометарите за кои се смета дека е вонсериски таленти, 16 годишниот централен бек Дамјан Митев кој досега играше за Мулти Есенс.
Алкалоид во Плејоф стартува со два бода, а во првото коло ќе игра на гостински терен кај кавадаречкиот ГРК Тиквеш, во недела со почеток од 19:00 часот, со директен пренос на МТВ.