Вардар 1961 денеска ќе го одигра третиот меч од СЕХА шампионатот и до крајот на оваа фаза ќе му остане само уште гостувањето во Белград, кај Партизан.
Минатата недела словачкиот тим Татран Прешов по девет и пол години пауза прв пат го совлада Вардар и покажа дека македонскиот првак сезонава или во моментов е ранлив колектив.
Резултатот од дуелот со Партизан малку го поправи впечатокот, а денеска очекуваме Вардар да го видиме во многу подобро издание.
Македонскиот првак има шанса да му се реваншира на Татран Прешов и целосно да го поправи впечатокот. Во Словачка беше плус четири, за гаранција за прво место на Вардар му треба победа од пет гола разлика и победа над Партизан на гостински терен.
Натпреварот ќе се игра во Скопје, во салата „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Директен пренос од овој натпревар ќе можете да следите на МТВ 3.