Шок за Веспрем, „пола“ ПСЖ пресилен за Загреб

Долго време Веспрем беше непоразен и лидер во групата во Лигата на пшампионите, а потоа му се случи „ППД Загреб“ од каде што тргна колата надолу. 
Без Омар Јахија нивната игра е непрепознатлива, па денеска сведочевме на нивниот втор пораз, прв на домашен терен. 



Симон Питлик беше во центарот на вниманието на унгарските ракометари, но крилото Јери Толбринг и леворакиот 22 годишен талент Емил Мадсен со по осум гола беа играчите за кои немаа решение. 
Резултатски, мечот беше тесен со тоа што во првиот дел Веспрем имаше јалова контрола врз ситуацијата на теренот. Во второто полувреме, се разиграа Толбринг и Мадсен и ГОГ стигна до плус три. Потоа со мали осцилации, одржуваа плус три до 55 минута (33-36). Во следните три минути три гола за Веспрем и израмнување на 36-36. 
Мадсен од пенал посигна гол за 37-36, а Кентан Мае не успеа да донесе ново израмнување и мечот заврши со минимална победа на гостите од Данска. 

ППД Загреб успеа да ја наполни Арена со најавата дека можеби последен пат во живо ќе можат да го видат Никола Карабатиќ со оглед на тоа дека се ближи крајот на неговата кариера (ќе игра и следната сезона)... 

Но, ПСЖ во Загреб дојде без браќата Карабатиќ, без Даинис Криштопанс, без Елохим Пранди и без најдобриот стрелец во ЛШ, Камил Шипжак.
ППД Загреб против ваквиот Париз одигра многу солиден натпревар. Демонстрираше брза игра, имаше и поубави потези од Французите, се потсетивме на мајсториите на Тимур Дибиров кој постигна 10 гола. 
Но, тоа не беше доволно. Феран Соле со 12 гола беше подобар стрелец од Дибиров, а Лук Стеинс кога требаше, особено во финишот на првиот дел се растрча и направи пресврт за кратко време. 
Конечно, 33-30 за ПСЖ. Домашните не можат да бидат премногу разочарани, гостите задоволни со бодовите... 



ГРУПА „А“
ППД ЗАГРЕБ - ПСЖ  30-33 (14-17)
ВЕСПРЕМ - ГОГ  36-37 (21-19)
ПОРТО - ДИНАМО БУКУРЕШТ
 
1.
11902390:35218
 
P
I
P
P
P
2.
11722357:33016
 
I
N
P
I
P
3.
10622332:31114
 
P
P
N
P
I
4.
10433304:30311
 
N
N
P
P
P
5.
11515368:37111
?
P
P
I
I
I
6.
11326310:3288
?
I
P
N
P
I
7.
10217271:2985
?
I
I
I
I
I
8.
10019290:3291
?
I
I
N
I
I

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk