Францускиот ас Недим Ремили се договори со Веспрем и наскоро ќе го гледаме во унгарскиот состав.
Недим Ремили и официјално е ракометар на Веспрем. Францускиот бек ги финализираше сите детали и денеска беше потврден од клубот. Договорот е три и пол годишен и тој во овој момент е обврзан кон клубот до јуни 2026 година.
Веспрем за овој трансфер ќе плати оштета на Келце, кој пак со тие пари ќе ја спасува сопствената кожа. Дали ќе им биде доволно за спас или ќе мора да продадат уште некого, ќе видиме наскоро.
Унгарците мораа да купуваат играч откако им се повреди Омар Јахија и за него сезоната заврши. Без врвно решение на позицијата десен бек нивните шанси за титула ќе беа значително намалени, па мораа одново да брцнат во џебот.