Два дена до македонскиот Плеј оф: табели, парови

Уште два дена за подготовка им остануваат на македонските клубови пред да почне ПЛеј оф и Плеј аут сезоната. 



Системот со 16 екипи во Супер лига, главно и гласно критикуван поради „квалитет“, зад што суштински се кријат ваучер причини, пролетва, кога екипите се поделени на Плеј оф и Плеј аут треба да го покаже своето вистинско лице и да донесе возбудувања на терените.

Уште два дена остануваат до почетокот на Плејоф првенството во кое според резултатите од есенскиот дел се пласирани следниве екипи:

ПЛЕЈОФ ТАБЕЛА: 
1. Вардар (3 бода), 2. Е. Пелистер (3 бода), 3. Алкалоид (2 бода), 4. Т. Пролет (2 бода), 5. Бутел Скопје (1 бод), 6. Е. Пелистер 2 (1 бод), 7. ГРК Тиквеш (0), 8. Охрид (0 бодови). 

ПЛЕЈАУТ ТАБЕЛА:
1. Голден Арт (3 бода), 2. Струга (3 бода), 3. Прилеп (2 бода), 4. Скопје (2 бода), 5. Куманово (1 бод), 6. Радовиш (1 бод), 7. Јуниор Кисела Вода (0 бодови), 8. Вардар Неготино (0 бодови). 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk