Словенец место Палмарсон во Алборг

Замената за Арон Палмарсон во Алборг ќе биде ракометар од Словенија. Но, тоа нема да биде Домен Макуц, тој неофицијално, потпишал нов договор со каталонците и останува во Барса до 2026 година.



Алекс Влах, во моментов вториот најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 70 гола на 10 натпревари е изборот на Алборг за замена за Арон Палмарсон следната сезона.
Долго време се чекаше Домен Макуц да ја потврди таа позиција, но тој останува во Барса до 2026, а Алборг како и да е, ќе добие Словенец на централната бековска позиција. 
Алекс Влах е во моментов ракометар и капитен на Целје Пивоварна Лашко, има 25 години висок е 191 сантиметар. 

Ако не знаевте: 
Алекс Влах додека беше ракометар на Копер (2018/19)  беше „понуден“ и на скопски Металург. Но, македонскиот клуб тогаш не влезе во сериозни преговори, па тој својот прв меѓународен излет го имаше во ППД Загреб каде што играше од 2019 до 2021 кога се врати назад во Словенија, но во нивниот најдобар клуб - Целје. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk