ЛШ денеска: ПСЖ во Загреб, каде да гледате?

Натпреварите од Европската лига беа увертира во продолжението на елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Денеска ќе се играат три натпревари. 



Продолжува елитниот проект на ЕХФ, Лигата на шампионите со три натпревари од вкупно осум колку што ќе се играат во рамките на 11 коло. 
На четири кола до крајот сѐ уште се отворени сите варијатни, но судбината на Порто на пример виси на тенок конец и при првиот пораз ќе ги загубат шансите за пласман во елиминациите. До крајот на оваа фаза, македонскиот репрезентативец Никола Митревски и колегите од „Драгао“ ќе играат три меча на домашен терен (Динамо, Загреб и Висла), но имаат и гостување во Веспрем. 

ППД Загреб и Висла се во трка по последното место што води во елиминациите, несметајќи го Порто, а Загреб има три бода предност во таа трка. 
Прашање е дали Загреб ќе освои бод до крајот, затоа што има домашни мечеви со ПСЖ и Магдебург, а на гости игра со Порто и ГОГ. 
Но, шансите на Загреб не се мали, напротив, дури и ако не освојат бод Хрватите, Висла ќе мора да освои четири, а игра дома со Магдебург и ПСЖ, а на гости со ГОГ и Порто. 

Сите што ќе сакаат да гледаат врвен ракомет и притоа да уживаат во дуелите на Дибиров и Чупиќ против ѕвездите на ПСЖ ќе можат денеска да уживаат. На Каналот Арена Спорт 1, попладнево со почеток од 18:45 часот ќе има пренос од натпреварот ППД Загреб - ПСЖ. 

Делегат на овој натпревар е Драган Начевски од Македонија. 


ГРУПА „А“
18:45   ППД ЗАГРЕБ - ПСЖ
18:45   ВЕСПРЕМ - ГОГ
20:45   ПОРТО - ДИНАМО БУКУРЕШТ
 
1.
10802357:32216
?
I
P
P
P
P
2.
10721321:29316
?
N
P
I
P
P
3.
10622332:31114
?
P
P
N
P
I
4.
10433304:30311
?
N
N
P
P
P
5.
10415331:3359
?
P
I
I
I
P
6.
10325280:2958
?
P
N
P
I
I
7.
10217271:2985
?
I
I
I
I
I
8.
10019290:3291
?
I
I
N
I
I

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk