Шампионот ангажираше хрватски пивот

Двократниот и актуелен европски шампион, Кристијансанд од Норвешка се пофали дека во продолжението на сезоната ќе бидат посилни со хрватскиот панк - пивот. 



Хрватскиот пивот Катарина Јежиќ заминува од турскиот клуб Кастамону и во продолжението на сезоната ќе настапува за актуелниот европски шампион Вајперс Кристијансанд. 

На Кристијансанд му требаше трет пивот, откако норвешката ракометарка Хана Јитеренг замина на породилно, па сега ќе фомира хрватско дуо со оглед дека таму на линијата досега играше Ана Дебелиќ, исто како и Јежиќ репрезентативка на „Кралиците на шокот“. Шпанската интернационалка Лиза Чапчет го комплетира триото.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk