Зоран Рогановиќ од Црна Гора и Хрвоје Хорват од Хрватска добија друштво. Уште една репрезентација ќе менува селектор по неупешниот настап на СП.
Патрик Ромбел, селекторот на Полска е третиот селектор кој останува без ангажман по Светското првенство што се одржа во Полска и Шведска минатиот месец.
Бордот на полската ракометна федерација донесе одлука да не му биде продолжен договорот на Патрик Ромбел. Тој и Полска се обврзани на соработка до крајот на март, а потоа секој ќе оди по својот пат.
Патрик Ромбел дојде на чело на репрезентацијата на Полска во 2019 година, на местото на исклучително неуспешниот Пјотр Пжибецки. Под негова команда работеа се до мундијалот, каде што имаа и пех, па слично како и Македонија добија противник со вајлд карта (Словенија) и играа во група со Франција, С. Арабија и Словенија каде завршија на третото место.
Потоа вкрстија со Шпанија, Црна Гора и Иран и завршија вкупно на четвртото место во групата и го освоија финално 15 место. Како домаќини и екипа со големи амбиции ова беше поразително и Патрик Ромбел не ја доби довербата да продолжи со националниот тим.