Валтер најави победа на Е. Пелистер во Данска

Заврши зимската идила, дуелите во СЕХА што можеме да ги класифицираме како подготвителни за Е. Пелистер и сега е на ред продолжението од Европската лига. 




7. КОЛО - 07.02.2023
18:45  СКАНДЕРБОРГ - Е. ПЕЛИСТЕР
18:45  БЕРЛИН - МОТОР
20:45  А. САНТАШ - БИДАСОА

ТАБЕЛА
1.
6600208:16212
?
P
P
P
P
P
2.
6402191:1698
?
I
I
P
P
P
3.
6312178:1697
?
N
P
I
P
I
4.
6213172:1915
?
N
I
P
I
P
5.
6114166:1843
?
P
N
I
I
I
6.
6015148:1881
?
 
 

Скандерборг го изненади и надигра Е. Пелистер во Битола, но во тој период оваа екипа играше во многу добра форма и бележеше и многу подобри резултати и во Данска. 
Сега веќе не е така, Скандерборг падна на шестото место, а на првиот меч во продолжението на првенството загуби од Нордсјеланд, екипа што е на дното и се бори за опстанок. 
Тоа на хартија говори за нивни пад, а тренерот на Е. Пелистер, Ларс Валтер, против со уште двајца Данци во тимот против сонародниците ќе оди со идеја да ги фати во слободниот пад. 
Желбата е дома, во Битола екипата да се врати со целиот плен и да се реваншира за поразот од почетокот на сезоната. 


Ларс Валтер: Последните два дена работиме со добар ритам и момците кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари.
Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Овој викенд работевме одлично и тоа веќе изгледа солидно. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови од таму.

Квалитетот на данската лига е неверојатен. Викендов Архус загуби од вториот најслаб тим во лигата и тоа покажува дека секој тим може да освои бодови против секого во данскотоо првенство.
Сепак, Архус Скандеборг игра добра сезона досега, се наоѓа на шестото место, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад во вторник. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари.
На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме. 

Мирко Радовиќ; Добро се подготвуваме, гледавме видео-материјал за Архус, како и првиот натпревар во Битола. Се обидуваме да сигнализираме каде погрешивме. Се работи за најпријатно изненадување во првиот дел на сезоната, како во Европа, така и во домашното првенство, каде му земаа „скалп“ и на Алборг.
Се работи за одлична екипа која игра брз ракомет, екипно се феноменални, имаат одлична контра и полуконтра. 
Тешко беше неделава, бидејќи ние неколкумина од Светско првенство директно дојдовме во Нови Сад, брзо потоа следеше и Нексе и тие натпревари добро ни дојдоа да се воиграме. Штета што не победивме барем еден натпревар од СЕХА лигата. Ќе пробаме тие два натпревари добро да ги искористиме и сега се вртиме на Европа и предизвикот кој ни следи.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk