„Рибари“ се враќаат на трибините во Охрид

Ракометниот клуб Охрид доби големо засилување, особено за натпреварите на домашен терен за претсојниот Плејоф. На трибините се враќа нивната навивачка група - „Рибари“. 



Отсега на теренот во Охрид ќе биде многу потешко да се победи, затоа што домашните навивачи мотив, инспирација и сила ќе црпат и од трибината која досега зјаеше празна, затоа што навивачката група има нерасчистени сметки со тренерот Горан Андоновски. 

Навивачите објавија и свое официјално соопштение: 
По долги дебати меѓу членството и по согледувањето на сите околности навивачката група „Рибари“ официјално објавува дека се враќа на натпреварите на ГРК Охрид. 
Многу беше болно да се гледа како клубот губи ради нашето отсуство! А тоа е клубот на кого му ја дадовме младоста....
И се враќаме само поради Охрид!
Читајте добро само поради Охрид, не поради Горан Андоноски!
Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала! Сега со гордост можеме да кажеме дека ГРК Охрид повторно ја добива својата душа а тоа сме ние НГ Рибари без која клубот неможе да биде ист!
Повеќе никој нема да може да си игра со клубот бидејќи ние ќе сме тука да се спротиставиме на секоја неправда!
Уште од сега најавуваме спектакл
Прв домашен меч: ГРК Охрид - РК Вардар

фото: ФБ - Рибари официјален профил
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk