Падна нов договор, Карабатиќ потпиша продолжение

Ако досега имаше некакви дилеми, отсега ги нема. Никола Карабатиќ, некогаш најдобриот светски ракометар ќе го гледаме уште една сезона на терен, а најверојатно и на Олимписките игри во Париз во 2024 година.



Кариерата на Никола Карабатиќ беше речиси завршена. Самиот најави дека ако не добие нов договор со ПСЖ, најверојатно ќе му каже збогум на ракометот. 
Неговите фанови можат да здивнат. Никола Карабатиќ ќе игра најмалку уште една сезона, а потоа веројатно ќе го видиме и на Олимписките игри во Париз. Дали тоа ќе биде збогум, сега е рано да се каже, но најверојатно ќе биде. 

Еден ден откако обајви дека потпишале договор со Раул Гонзалез за продолжување на соработката, денеска од ПСЖ информираа дека потпишале нов едногодишен договор и со Никола Карабатиќ.




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk