Паѓа рекордот: Продадени 40.000 билети за ракомет

Германија ќе постави нов рекорд на посестеност на еден ракометен натпревар. Овторањето на ЕП 2024 што ќе биде организирано во Дизелдорф, ќе биде со нов рекорд на гледачи.



Меркур Арена или Дизелдорф Арена е фудбалски стадион со капацитет од 50.000 седишта со можност да биде покриен и адаптиран и за ракометен натпревар. 
Пред почетокот на мундијалот во Шведска и Полска, беа продадени 18.000 билети за отворањето на следното ЕП, во 2024 година. 
На крајот на мундијалот, пак, Германците објавија дека се продадени 40.000 билети и дека во продажба има само ВИП билети.
Друга серија, веројатно последна од вкупно 50.000 ќе биде пуштена во продажба по ждрепката што ќе се одржи во мај. Нема сомнеж дека и тие 10.000 билети ќе бидат продадени и дека на овој меч ќе има повеќе од 50.000 гледачи. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk