Пари Сен Жермен беше спремен за разделба со Раул Гонзалез, но нивните планови за замена не отидоа во правец во кој посакуваа, следната најдобра опција им беше да ја продолжат соработката.
Големата тренерска трансфер вртелешка не се разврте како што беше најавувано и очекувано, тоа стана поодамна јасно. Некогаш трансфер шпекулациите се реализираат, друг пат - не.
Пари Сен Жермен беше спремен за разделба со Раул Гонзалез, најавено за летото по истекот на договорот, но нивните планови за негова замена не се реализираа, па следната најдобра опција беше да ја продолжат соработката.
Денеска клубот информираше дека Раул Гонзалез останува на чело на францускиот клуб до 2025 година. Иако е веќе четири сезони на чело на убедливо најбогатиот клуб и имаше во ростерот ѕвезди какви што никој досега немал на едно место, Раул не успеа да го повтори успехот од 2017 кога со Вардар за прв пат стана европски шампион.
Но, парижаните се задоволни и тој останува да ја крои играта и во следните две сезони.