Женската репрезентација на Јужна Кореја нема да ја обнови соработката со данскиот тренер Ким Расмусен, своевремено во еден краток интервал тренер и на ЖРК Вардар.
По осум месеци соработка, Ким Расмусен и неговиот дански стручен тим си заминуваат од Јужна Кореја. Нивниот договор нема да биде продолжен, откако не можеле да се усогласат барањата на Корејците со ракометните идеи на Данците.
Разликата во културите беше преголема, објасни на својот профил данскиот тренер.
Разликата во културите, всушност е барањето на федерацијата на Јужна Кореја, ракометарките да имаат три тренинга дневно во траење од два до три часа.
Тоа било премногу за Данецот, заеднички јазик не нашле и соработката е завршена.
Женската кадетска репрезентација на Јужна Кореја летово на мундијалот во Македонија стана светски шампион, но под водство на селектор(ка) од Кореја.
Неодамна и Македонија, но во машка конкуренција играше со Јужна Кореја. И во машкиот тим тие за прв пат имаат странец за селектор, а доаѓа од Португалија.
Засега нема информација дали и оваа соработка ќе ја доживее судбината на женскиот тим.