Големите натпреварувања раѓаат големи играчи. се надевавме дека оваа флоскула ќе важи за некој македонски играч. Нашите, за жал тргнаа во обратна насока, но други играчи го искористија.

Двајца ракометари кои вистински се промовираа на тековново Светско првенство се Јури Кнор и Симон Питлик, носителите на играта на Германија и еден од главните играчи на Данска.
Приказната на Јури Кнор е позната. Тој како 17 годишник беше регрутиран во Барса и отиде на калење кај каталонците. Во 2019 замина од Барса и се пресели во Минден, а оттаму во РНЛ.
Симон Питлик, пак е син на прославениот дански тренер Јан Питлик, поранешен тренер на Вардар. Тој играше на мундијалот во Скопје, а паметиме една негова изјава од времето кога неговиот татко работеше во „Јане Сандански“, а салата грмеше за тогашниот европски шампион Вардар.
„Импресионирам сум од атмосферата и ракометот. Сонувам да заиграм за Вардар. Некои сонуваат да играат во Шпанија, Франција, но јас сакам да играм на Балканот“ велеше тогаш Питлик.
Четири-пет години подоцна, ситуацијата е обратна. Веројатно сите клубови на Блаканот сонуваат да доведат во своите редови играч каков што стана Симон Питлик.