Денеска игра Е. Пелистер, каде да гледате?

СЕХА лигата и оваа сезона со изменет систем во кој, сега има две групи со по три екипи стартуваше со регуларниот дел, а за некој ден и ќе заврши со оглед на склопениот календар.



По бледиот старт на Врадар кој по девет и пол години загуби меч од Татран Прешов, на ред е и екипата на Еурофарм Пелистер.
Битолчани денеска играат со Војводина, првакот на Србија и екипа која во првото коло славеше над некомплетниот Нексе. 

Е. Пелистер денеска од 18:00 часот ќе игра во Нови Сад, а натпреварот директно ќе биде пренесуван на тв каналот МТВ 3. 

По овој меч битолчани заминуваат за Хрватска и таму на 2 февруари ќе играат со Нексе.
Ден претходно, пак, Вардар ќе го пречека тимот на Партизан.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk