ДАНСКА - ФРАНЦИЈА 34-29 (16-15)
Лауге 10, Питлик 9, Гидсел 6 - Ремили 6, Мем 5, Ричардсон 4
Данска е старо нов светски шампион. Вечерва во големото финале на 28 Светско првенство, Данска ја совлада репрезентацијата на Франција со 34-29 и стана првата земја кој три пати по ред станала светски шампион.
Николај Јакобсен дури имаше луксуз повеќе од 50 минути да игра со дебитант во составот. Тоа е 22 годишниот Симон Питлик. Тој одлично се вклопи со малку повозрасниот Матијас Гидсел, а меѓу нив беше Расмус Лауге. Микел Хансен можеше да одмора и да кулира во финалето. На крајот и Никлас Ландин седна на клупа, а Кевин Мелер покажа исто таква висока класа...
Играч на мечот, Расмус Лауге. Плејмејкерот на Веспрем го пропушти последниот мундијал поради повреда, но сега се врати и во финалето постигна 10 гола.
Франција тргна лошо, промаши неколку шута уште на стартот и беше во минус од 2-6, негатива што не успеа да ја стигне. На моменти Дика Мем, на моменти Ремили, добри беа и пикерите, особно во еден момент Турна, но некако сето тоа не се вклопи во една целост.
Беа блиску до израмнување, но во клучните моменти немаше пресврт. Или ќе пукнеше одбраната или ќе згрешеше нападот. Конечно, кога во 57 минута Мелер му одбрани пенал на Ричардсон, замина и последниот воз.
Но, имаме предвид, на Франција и недостасуваа осум играчи! Не се тоа стартерите, но секако можеа да направат овој тим да излгеда поинаку, особено бековите Вилмино и Мин