Извршната комисија на ЕХФ даде зелено светло за имплементација на тренерски „челинџ“ на судиска одлука за време на натпревар.
Доколку сѐ мине како што се очекува на техничкиот состанок на судиите во февруари, тогаш на Фајнал 4 турнирот во женска конкуренција во Будимпешта годинава ќе имаме еден новитет.
Тренерите ќе имаат право еднаш на натпревар да оспорат судиска одлука. Кога ќе го сторат тоа, судиите ќе мораат да погледнат видео и да оценат дали нивната одлука или тренерската била во право.
Уште еден новитет е што наскоро делегатите нема да ги оценуваат судиите туку тоа ќе го прави посебен набљудувач, односно видео надзор.