Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е делегирана за финалето на 28. Светско првенство што се одржува во Шведска и Полска.
Македонската судиска двојка ќе ја дели правдата на последниот меч на тековното Светско првенство, дуелот за златен медал за кој ќе се борат репрезентациите на Франција и на Данска. Тој меч ќе се игра вечерва со почеток од 21:00 часот, а домаќин ќе биде Стокхолм.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов долго време се меѓу најдобрите светски судии, а денешното финале е логичен развој на настаните откако судеа финале на Европско првенство во 2020 и финале на Олимписки игри во 2021.
Со финалето на СП ќе се комплетира грен-слемот, суделе финални мечеви и во клупска конкуренција во пониските Купови, па така единственото финале што ќе им недостасува во колекцијата, веруваме не за долго, е финале од Лигата на шампионите.