Денеска игра Вардар, каде да гледате?

Прв натпревар на Вардар во 2023. Стартуваше СЕХА лигата, а денеска на терен ќе го видиме и македонскиот првак. 



Вардар 1961 денеска ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона на СЕХА лигата. Македонскиот првак гостува во Словачка, кај тимот на Татран Прешов. 
На оваа средба треба да настапат и новите играчи на Вардар, бразилецот Дутра, пивотот Аларов, додека Јагуриновски кој се повреди за време на настапот на Македонија на СП, е неизвесен за настап.

Средбата ќе се игра со почеток од 16:00 часот, а директен ТВ пренос ќе има на МТВ 3. 

Македонската телевизија ќе врши пренос и од натпреварот на Е. Пелистер со Војводина што ќе се игра во Нови Сад во понеделник од 18:00 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk