Познат е првиот патник на Олимписките игри во Париз, пласман обезбеден преку квалификации.
Светскиот првак оди директно на Олимписките игри во Париз 2024. Во финалето на мундијалот ќе играат Франција и Данска, а Франција која е домаќин на олимпискиот турнир веќе е квалификувана.
Тоа значи дека без оглед дали ќе победи или не во финалето, на Олимписките игри ќе игра и репрезентацијата на Данска. Прашање е само дали во улога на светски првак или како прв најдобар до светскиот првак во случајов и домаќин.
Во квалификациите за Олимписките игри сега се пласирани и репрезентациите од 3-8 место, а следен кој чека место е Хрватска, а по нив како деветопласирана би можела да оди и Словенија.