Денеска на Светското првенство ќе се играат полуфиналните натпревари. Куруозитет, тоа се истите полуфинални парови од мундијалот во Египет 2021. Шведска ќе игра против Франција (21:00), а Данска против Шпанија (18:00).
Арената во Шведска е распродадена, дури 22.000 гледачи ќе има на трибините на Теле 2 Арена во Стокхолм. Тоа е повеќенаменски фудбалски стадион, овој пат прилагоден за ракометен натпревар. Уште еден куриозитет, Шведска и Франција веќе имаат одиграно натпревар на фудбалски стадион, во Лил, во 2017 година кога Франција беше домаќин.
Рекордот на број на гледачи нема да биде срушен, тоа извесно ќе го направат Германците догодина кога отворањето на ЕХФ Еуро ќе го играат исто така на стадион, во Дизелдорф.
Шведска на овој натпревар нема да биде комплетна, ќе им недостасува Јим Готфридсон, нивниот најдобар играч и организатор на играта. Феликс Клар, уште едно опасно момче, неоправдано потценето ќе биде нивниот диригент вечерва.
Франција на овој мундијал допатува без цела една постава (Деска, Н'Гесан, Бос, Конку, Конан, Мин, Вилмино). За овој меч поради проблем со стапалото неизвесен е и Никола Карабатиќ, а неизвесен е и Тибо Брие кој го пропушти 1/4 финалето поради проблеми со прст на раката.
Официјалните измени во составот не се сѐ уште објавени, односно потврдени од ИХФ.