Романија ги зголеми казните 10 пати

На почетокот на сезоната, министерот за спорт на Романија, Карол Едуард Новак донесе „револуционерен“ закон со кој клубовите мораат да имаат најмалку 40% домашни играчи на секој натпревар, во спротивно следува казна. Законот не функционираше.



Законот на Новак, не ги даде посакуваните резултати. Особено меѓу ракометните клубови. Тие веднаш одвоија буџет и си ги плаќаа казните. Инаку казна за немање 40% домашни играчи на натпревар изнесуваше 3000 леи или нешто повеќе од 600 евра.

Гледајќи дека тоа не функционира, Министерството за спорт донесе нова одлука. Казната од 3.000 е зголемена на 30.000 леи. Наскоро, секоја екипа што нема да има 40% романски играчи на натпревар, ќе плати по нешто повеќе од 6.000 евра казна. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk