Олимпискиот совет на Азија ги поканил Русија и Белорусија да настапат на претстојните Азиски игри што ќе се одржат во Кина.
Ракометните репрезентации на Русија и Белорусија би можеле да се појават на следните Азиски игри, доколку Олимпискиот комитет на овие две држави одлучи да ја прифати поканата што им ја упатија колегите од Азискиот Олимписки Совет.
Ракометните репрезентации на Русија и Белорусија беа суспендирани од страна на ЕХФ и ИХФ и немаа право за настап во квалификациите за Светското првенство што месецов се одржува во Шведска и Полска.
Во меѓувреме, Меѓународниот олимписки комитет, пак бара начини како да ги приклучи спортистите од овие две земји кон редовните натпреварувања, вклучително и Олимписките игри во Париз. Засега статусот на неутрални спортисти е најблиску до решението, но има уште многу чекори до финалното решение.