Царчев стана дел штабот на женскиот национален тим

Ракометната федерација на Македонија направи две измени во стручниот штаб на женската сениорска репрезентација во пресрет на бараж дуелите за пласман на СП со Украина.



Женската сениорска репрезентација денеска почна нов систем на подготовки за бараж дуелите со Украина што во април ќе се играат во Скопје и на неутрален терен во унгарскиот град Кишварда.

Две нови лица има на клупата на македонската репрезентација. Едуарда Аморим ќе ја замени Јулијана Црвенкоска, а тимот ќе има и нов тренер на голмани. На позицијата на која досега беше нашата познат голман, Тања Андрејева, доаѓа друг, наш познат голман - Александар Царчев. 

Александар Царчев беше тренер на голмани на ЖРК Вардар, потоа замина на истата позиција во репрезентацијата на Саудиска Арабија каде што кратко работеше во тим со француската легенда Дидие Динар (фото), а откако се врати во Македонија, го презема кормилото на ЖРК Вардар. 

Македонската репрезентација, ќе има тренинзи секоја недела по еден или два, а некогаш и три дена во зависност од тоа колку се достапни и какви се обврските на играчите. Така ќе биде во следните два месеца. За ова време ќе биде тестиран или подобро кажано ќе се работи и со поширок ростер на играчи од кои финално ќе биде селектиран тимот за априлските квалификации. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk